Околу 50 либиски студенти, кои во текот на вчерашниот ден упаднаа во Амбасадата на Либија во Белград, излегоа од дипломатското претставништво.
Според информациите, студентите барале остварување на нивните права, и побарале смена на нивниот претставник Абдула Дежели, поради корупција.
Студентите тврдат дека Дежели одлучувал на кој факултет ќе одат, што ќе студираат, кај кој лекар ќе се лечат, ги праќал на најефтините клиники и ги присвојувал парите наменети за студентите.
Либиските студенти откако упаднале заземале една просторија во Амбасадата, додека дипломатскиот персонал бил во друга просторија.
Околу 20-30 полицајци присутни пред Амбасадата не можеле да реагираат бидејќи се работи за дипломатско представништво.
Во Србија има околу 400 студенти од Либија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот
-
Студентите три дена кампуваат пред „Стив Наумов“ и Кузман: Списоци има, домовите неспремни за вселување (галерија)