| четврток, 6 декември 2018 |

Ми­ле Куз­ма­нов­ски: Со ќер­ки­те сов­ла­ду­ва­ме и до­бро и ло­шо

 Ми­ле Куз­ма­нов­ски е пр­ви­от што го скр­ши „пра­ви­ло­то“ де­ка еден фолк-пе­јач не мо­же да на­пол­ни кон­церт­на са­ла. Не­му тоа му ус­пеа не­кол­ку­па­ти. По­чи­ту­ван од ко­ле­ги­те, са­кан од пуб­ли­ка­та, пред се­бе има уште ед­на го­ди­на ис­пол­не­та со нов ал­бум, мно­гу на­ста­пи, ви­де­ос­по­то­ви, фе­сти­ва­ли... Се­то тоа до­пол­не­то со под­др­шка­та од не­го­ви­те две ќер­ки-близ­нач­ки, со кои, ка­ко што ве­ли, сов­ла­ду­ва сè што ќе го стиг­не

Ва­ши­от пос­ле­ден ал­бум го по­све­ти­вте на сво­ја­та со­пру­га. Ни­ту ед­на пес­на не­ма да ја на­ма­ли бол­ка­та ни­ту еден стих не­ма да ја вра­ти со­пру­га­та. Но,  де­ца­та се тие за кои мо­ра­ме да жи­ве­е­ме. Ка­ко се сна­о­ѓа­те во уло­га­та и на мај­ка и на та­тко на две­те ќер­кич­ки?

Куз­ма­нов­ски: Ал­бу­мот нас­ло­вен ка­ко „Крал без кру­на“ е из­да­ден во 2013 го­ди­на, тоа бе­ше ди­ви­ди-из­да­ние од мо­јот кон­церт ре­а­ли­зи­ран во 2012 го­ди­на, со це­де на кое се нај­де но­ви­от ма­те­ри­јал на кој ра­бо­тев­ме. На не­го се сни­ме­ни две пес­ни кои се по­све­те­ни на мо­ја­та по­чи­на­та со­пру­га. Се­кој на­о­ѓа на­чин ка­ко да нај­де уте­ха и ка­ко да ја над­ми­не бол­ка­та, јас од­лу­чив да про­дол­жам со мо­јот жи­вот и со ра­бо­та­та. Пре­ку тие две пес­ни се иска­жа­ни мо­мен­ти, емо­ции пре­ку кои се­кој што до­жи­ве­ал за­гу­ба мо­же да се про­нај­де, а во­ед­но и спо­ме­нот за за­гу­бе­ни­от да би­де по­сто­ја­но жив. Ве­ќе по­ми­наа две го­ди­ни од смрт­та на мо­ја­та со­пру­га, во та­кви мо­мен­ти не оста­ну­ва ни­што дру­го освен да про­дол­жиш да жи­ве­еш, спо­ме­нот за неа го не­гу­ва­ме. Ка­ко и си­те оста­на­ти лу­ѓе, и јас про­дол­жив да жи­ве­ам со мо­и­те две ќер­ки, со до­бра ор­га­ни­за­ци­ја сè мо­же да се по­стиг­не. Осо­бе­но ме ра­ду­ва што мо­и­те ќер­ки се до­бри де­ца, тие се нас­ме­а­ни, ве­се­ли, среќ­ни, од­лич­ни уче­нич­ки, од­го­вор­ни за се­бе и за сво­и­те об­вр­ски. Ќе про­дол­жи­ме за­ед­но со исто тем­по и ќе сов­ла­ду­ва­ме сè што ќе нè стиг­не, и до­бро и ло­шо.

 Ко­ја од пес­ни­те од пос­лед­ни­от ал­бум бу­ди најм­но­гу емо­ции кај вас?

Куз­ма­нов­ски: Се­ко­ја пес­на кај ме­не има свое емо­тив­но до­жи­ву­ва­ње.

 mile kuzmanovski3

Ја на­пол­ни­вте Уни­вер­зал­на са­ла не­кол­ку па­ти. Ми­на­та­та го­ди­на на­пра­ви­вте емо­тив­на кон­церт­на про­мо­ци­ја, ко­ја ни­ко­го не го оста­ви рам­но­ду­шен. Да­ли е вре­ме за нов со­ли­стич­ки кон­церт?

Куз­ма­нов­ски: Кон­цер­тот по­ми­на од­лич­но, ве­ќе ра­бо­там на не­го­во ди­ви­ди-из­да­ние, кое на­ско­ро ќе би­де про­мо­ви­ра­но со но­во­то це­де. За­до­во­лен сум што во ова вре­ме-не­вре­ме, ко­га те­шко се обез­бе­ду­ва­ат средс­тва за ре­а­ли­за­ци­ја на кон­церт, јас ус­пе­ав. Би­ле­ти­те беа про­да­де­ни две-три не­де­ли пред кон­цер­тот. Ете тоа е тоа што ме сти­му­ли­ра и ме дви­жи да одам на­пред. Во вр­ска со нов со­ли­стич­ки кон­церт оста­вам отво­ре­но, за пр­во­то по­лу­го­дие од го­ди­на­ва имам дру­ги про­фе­си­о­нал­ни пла­но­ви, а на­та­му ќе ви­ди­ме. Име­но, во фе­вру­а­ри е за­ка­жа­на про­мо­ци­ја­та на мо­е­то нај­но­во це­де, сè е за­вр­ше­но, а исто­вре­ме­но ќе има и про­мо­ци­ја на три но­ви ви­де­о­за­пи­си. На це­де­то ќе има со­сем нов ма­те­ри­јал, кој ве­ру­вам де­ка ќе по­ми­не од­лич­но

 Вие сте еден од му­зи­ча­ри­те што ми­на­та­та го­ди­на до­би­ја суб­вен­ци­ја? Кол­ку суб­вен­ци­ја­та е пот­тик за соз­да­ва­ње но­ви му­зич­ки де­ла?

Куз­ма­нов­ски: Да, јас до­бив суб­вен­ции од др­жа­ва­та и сме­там де­ка по­те­гот е од­ли­чен. Тре­ба да се не­гу­ва и соз­да­ва ма­ке­дон­ска­та му­зи­ка, а до­се­га не по­сто­ел та­ков ме­ха­ни­зам за на­ша под­др­шка. Но, сме­там де­ка исто­вре­ме­но, по­крај суб­вен­ци­и­те за соз­да­ва­ње но­ви де­ла, тре­ба да по­стои и на­чин кој ќе на­пра­ви про­мо­ци­ја на сè што е соз­да­де­но, на­ро­дот да чуе, да ста­не поз­на­то, при­фа­те­но, а тоа мо­же да се слу­чи до­кол­ку има­ме под­др­шка од те­ле­ви­зи­и­те и од оста­на­ти­те ме­ди­у­ми. Во мо­мен­тов на те­ле­ви­зи­и­те се при­ка­жу­ва­ат раз­ни ТВ-шоу кои не се на­ши, се пу­шта­ат пес­ни од на­ше­то со­седс­тво. Не­мам ни­што про­тив ни­ко­го, но имам про­тив тоа што се слу­чу­ва.

 Из­ле­гоа мно­гу пес­ни низ го­ди­ни­ве, но се­ко­гаш пре­поз­нат­ли­ва за вас ќе би­де „Не ка­ни ме“. Ко­га прв­пат ја от­пе­а­вте пес­на­та, оче­ку­ва­вте ли де­ка ќе ста­не нај­ба­ра­на­та фолк-пес­на во пос­лед­ни­те го­ди­ни? Ви пре­чи ли што мно­гу­ми­на ве зна­ат ток­му по „Не ка­ни ме“?

Куз­ма­нов­скиВо­оп­што не ми пре­чи де­ка лу­ѓе­то ме пре­поз­на­ва­ат или по­вр­зу­ва­ат со „Не ка­ни ме“, но мис­лам де­ка ме поз­на­ва­ат и ка­ко Ми­ле Куз­ма­нов­ски. Пес­на­та е не­по­втор­ли­ва и таа ќе трае, впро­чем на­ро­дот ја из­бра и за најс­лу­ша­на ко­га сла­вев­ме 20 го­ди­ни не­за­вис­ност.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top