Со четири нови песни и со видеозапис за секоја од нив македонскиот фолк пејач Миле Кузмановски ќе ја заокружи оваа 2014 година.
– Годинава ја завршувам успешно како што всушност и ја започнав. Крајот на 2014 го заокружувам со неколку нови песни кои се дел од материјалот во подготвка за моето најново цеде. Тоа ќе биде и со ДВД издание од мојот последен солистички концерт одржан во февруари – вели Кузмановски.
Дочекот на Новата 2015 година Кузмановски ќе го помине работно.
– Закажани ми се две гостувања, односно ќе наспатувам на плоштадите во Кривогаштани и во Крушево, каде и ќе ја дочекам Новата година – вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.