По повод 68-годишнината од формирањето на Друштвото на писателите на Македонија, академик Томе Серафимовски на македонската писателска асоцијација ѝ донира портрет на големиот шпански поет Хусто Хорхе Падрон, добитник на наградата Златен венец на Струшките вечери на поезијата. Падрон е почесен член на ДПМ и член во надворешниот состав на Македонската академија на науките и уметностите.
Портретот на Хусто Хорхе Падрон ќе биде промовиран на свеченоста по повод одбележувањето на 68-годишнината од формирањето на Друштвото на писателите на Македонија на 13 февруари.
Богатата збирка на уметнички слики и скулптури во Домот на македонските писатели содржи повеќе дела од академик Томе Серафимовски, меѓу кои се и потртетите на св. Климент, браќата Миладиновци и на литературниот критичар Димитар Митрев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.