Ќерката на Борис Бекер, кој поранешниот тенисер ја доби по една кратка, но скандалозна афера, конечно излегла од сенката на славниот татко.
Црвенокосата четиринаесетгодишна Ана Ермакова, во вторникот прошетала на модната писта на Модниот викенд во Берлин.
Неодамна потпишала договор со модната агенција „Мега“ и тврди дека добила дозвола од родителите да се занимава со манекенство.
Славниот тенисер се пофалил на својот профил на „Твитер“ за модниот успех на својата ќерка.
Целиот свет знае каде и под кои услови е зачната Ана. Борис Бекер јавно ја призна својата вонбрачна ќерка, којашто е зачната во лондонскиот ресторан Нобу, каде што ја запознал Ангела Ермакова. Иако медиумите шпекулираа дека сексуалната средба се случило во плакар за метли, Борис го демантирал тоа и изјавил дека до сексуалниот чин дошло на скалите помеѓу два тоалета.
Тој, исто така, изјавил дека таа грешка го чинела брак и неколку години од приватниот живот, но дека добил прекрасна ќерка.
– Таа не е грешка, јас многу ја сакам – изјавил Бекер, кој претходно негирал дека е татко на Ана.
По ДНК-тестирањето, признал сѐ, а од 2007 година го дели старателството врз Ана.
Борис Бекер има четири деца, два сина од бракот со Барбара Фелтус, Ана Ермакова и четиригодишен син којшто го доби од бракот со манекенката Лили Керсенберг, со која е во брак од 2009 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.