| четврток, 6 декември 2018 |

Женски затвор во Израел станал модна писта

APTOPIX Mideast Israel Prison Fashion Photo Essay

Тоа е дел од програмата за рехаблитација и ги поддржува вештините кои можат да се искористат по излегувањето од затворот, но и заради враќањето на самодовербата по долгиот период поминат зад решетки.

model vo zatvor 1

Намерата била на затвореничките да им се даде можност за создаваат нешто ново. Тие работеле заедно со студентите од Студио 6Б, а креирале колекции инспирирани од британската војска и индиски верски симболи. Облеката ја украсувале со цвеќе, со животински принтови и со геометриски облици, а учеле и како да се нашминкаат и да направат фризура во склоп со облеката.

model vo zatvor 2

Моделите парадирале на црвен тепих пред бодликавата жица, зад големите ѕидови.

Во затворот Неве Триза се наоѓаат повеќе од 200 затворенички на возраст од 18 до 70 години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top