| четврток, 6 декември 2018 |

Моден викенд Скопје ја организира втората Невестинска модна ноќ

Menakon Fashion House

Во скопскиот хотел „Александар палас“ на 29 јануари (четврток) ќе се одржи втората Невестинска модна ноќ (The Bridal Fashion Night), на која дамите што се подготвуваат да го кажат судбинското „да“ ќе можат да го одберат својот совршен венчален фустан. Настанот почнува во 20 часот во организација на Моден викенд Скопје.

Marie Antoinette fashion atelier

Вечерта посветена на идните невести ќе се состои од модни дефилеа во најновите колекции на Лидија Георгиева и Жили (Lidiya Georgieva&Zili), Елизабет дизајн студио (Elisabeth design studio), Ателје Марија Антоанета (Atelier Maria Antoinette), ателје „Ал Апарел“, Емили ексклузив дизајн (Emili exclusive design) и модната куќа „Менакон“ од Косово .

Lidiya Georgieva&Zili

 

Покрај венчаници, на пистата ќе може да се видат и уникатни вечерни фустани.

Emili exclusive design

Креациите традиционално ќе ги носат манекенките од модната агенција „Подиум“.

Elizabett design studio

Тие што сакаат да ги погледнат ревиите ќе треба да се пријават на официјалната страница на „Фејсбук“ на Модниот викенд Скопје со име и презиме, возраст и период на одржување на венчавката.

AL APAREL

фото: Ани и Дими

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top