Лекар и жена од струмичко Ново Село се пријавени бидејќи докторот ѝ издал лажно лекарско уверение на жената, а таа го употребила за да тужи на суд.
СВР Струмица поднесе кривична пријава за Д.К.(66) од село Ново Село, лекар-специјалист во приватна ординација „Д-р Костовски Димитар“ од Ново Село за кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување исправа, како и против С.Ѓ.(45) за употреба на исправа со невистинита содржина.
Во текот на август 2012 година, Д.К. по барање на С.Ѓ. изготвил и издал лажна исправа – лекарско уверение на име на С.Ѓ. заверено со печат и потпис од ПЗУ „Д-р Костовски Димитар“, на кое не бил означен датумот и истото не било евидентирано во лекарскиот дневник на здравствената установа, по што С.Ѓ. вака издаденото уверение го употребила во судска постапка против лице од с. Дражево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кај него и здрави би чекале ред: Тој е најпосакуваниот доктор на светот!
-
Успешни Македонци: д-р Игор Балевски изврши сложен хируршки зафат во клиничкиот центар во Марибор
-
Приведениот градоначалник од СДСМ пред изборите ветуваше чесност (видео)
-
Нова милионска набавка: Градоначалникот на Ново Село купува луксузна црна лимузина од 36.000 евра