| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ е загрижена – терористите го користат Балканот како регрутна база за напади во Европа

Teroristi-620x350Висок официјален претставник на ЕУ задолжен за тероризам проценува дека околу 500 муслимани од регионот им се приклучиле на џихадистите во Сирија и во Ирак. Меѓу нив има граѓани на Србија, Албанија, БиХ, Косово и на Бугарија, а некои од нив се обучувани за терористички акции во ЕУ.

Поради тоа функционерите на ЕУ задолжени за искоренување тероризам наскоро ќе ги посетат овие земји. ЕУ планира со државите од регионот да воспостави поблиска соработка со цел да спречи терористички активности, а патниците од Западен Балкан, кои патуваат во ЕУ, при влегувањето во шенгенската зона ќе мораат да бидат изложени на дополнителни проверки на патните документи и на багажот.

Во ЕУ се загрижени поради настојувањето на исламистичките терористички групи да го искористат Западен Балкан како отскочна штица за акцијата на ЕУ и поради тоа планираат тесна сорабтока со земјите од регионот и поостри контроли на граничните премини, рекло во Брисел високо официјално лице од ЕУ, кое сакало да остане анонимно.

Функционерот истакнал дека терористите ја злоупотребуваат визната либерализација, која важи за сите граѓани од регионот, освен за тие од Косово. Според него, исламистичките екстремисти го користат Западен Балкан како регрутна база, но и за шверц на оружје останато од војните во деведесеттите години на минатиот век кон територијата на ЕУ. Тврдењата ги илустрирал со фактите дека за време на неодамнешниот терористички напад во Париз е користена муниција произведена во БиХ, а се осврнал и на случајот со Мевлид Јашаревиќ, кој пред три години стрелаше во амбасадата на САД во Сараево.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top