Боб Дадли, челникот на нафтениот гигант Бритиш Петролеум очекува ниските цени на нафтата да потраат и до 3 години- пренесе Би Би Си.
Дадли во Давос, каде присуствува на Светскиот економски форум, за Би Би Си изјави дека цената на нафтата флуктуира и дека се случувало и по неколку години да биде на ниско ниво.
– Мора да имаме план за ниски цени, и не знам точно кое е тоа ниво, но извесно е дека ќе трае една година, а можеби и две и три – рече Дадли.
Во јуни минатата година цената на нафтата за барел (159 литри) беше 100 долари, за годинава да падне на под 50 долари за барел
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.