Воените лидери на НАТО се со намера да ги обноват контактите со своите руски колеги по повеќемесечни тензии заради кризата во Украина, соопшти денеска врховниот командант на НАТО генерал Филип Бридлав.
Истакнувајќи ја важност за комуникација со високи руски воени претставници, Бридлав напомена дека со шефот на Генералштабот на руската армија Валериј Герасимов разговарал дури и кога руските трупи минатата година навлегоа на Крим.
– Ние повторно ќе го воспоставиме тоа. Дел од нас, високи воени лидери, меѓу себе разговаравме за тоа како тоа да го направиме… но, сигурно ќе воспоставиме комуникација повторно со Валериј, изјави Бридлав.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.