Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Косово, Хашим Тачи.
На средбата биле разменети мислења и информации за натамошно продлабочување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави, како и за состојбите во регионот, и евроинтеграциските процеси на двете земји.
Како што соопшти Кабинетот на претседателот, Иванов и Тачи изразиле задоволство од нивото на билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Косово, и од заемната определба за натамошно јакнење на пријателството и градење на добрососедски односи низ отворен и конструктивен дијалог.
Претседателот Иванов и министерот Тачи ги реафирмирале заедничките стратешки цели за мир и стабилност во регионот, и членство во европските и евроатлантските структури.
Шефот на државата Иванов нагласил дека фокусот во наредниот период треба да биде на соработка во сферата на економијата како исклучително значаен сегмент во нашите односи, преку заедничка посветеност за подобрување на инфраструктурата .
Министерот Тачи ја истакнал подготвеноста за градење и унапредување на добрососедските односи, и интензивирање на соработката меѓу Република Македонија и Република Косово во сите области од заемен интерес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ден на жалост на Косово поради смртта на Џорџ Буш постариот
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме