| четврток, 6 декември 2018 |

Меси во Скопје

messi

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на овој спорт, Лионел Меси, конечно доби филм. Режисерот Алекс де ла Иглесија на големото платно ја пренесе приказната за четирикратниот добитник на „Златната топка“ и за неговиот животен пат од родната Аргентина до спортските височиниФилмската приказна за фудбалскиот играч кој го одбележи 21 век стигнува во кината на 12 февруари.

Стана јасно дека тој е Марадона на нашето време кога на домашната снимка која го прикажува шестгодишниот Меси како игра фудбал со постари деца, како ги дрибла нив тројца, додава топка, го чека моментот, се подготвува, шутира и постигнува гол. Лионел Меси како да е роден со фудбалска топка.

Срамежливото момче од сиромашниот град Росарио, благодарение на својата баба, на која ѝ испраќа воздушни бакнежи после секој постигнат погодок, ја доби потребната поддршка да го следи својот сон докрај. И покрај хормонската терапија што ја примаше за да достигне нормална висина, Меси стана најголем од сите нив – но и понатаму си остана скромен и повлечен. Тие негови особини можат да се земат како објаснување за неговата огромна популарност. За Меси велат дека е брз дури и на забавените снимки!

Филмот „Меси“ го режираше познатиот шпански режисер Алекс де ла Иглесија кој инаку е познат по модерните хорор-филмови, како и по филмовите со научна фантастика: „Ако го споредиме со Кристијано Роналдо, кој е шармантен и згоден, и кој ужива во својата слава и во гламурозниот живот на ѕвезда, ќе видиме еден сосем различен човек. Меси воопшто не е таков. Тој само сака да игра фудбал и тоа е јазикот на кој ни зборува. И токму тоа е она што ме мотивираше да направам филм за него“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top