Струшкиот разгранок на СДСМ испрати соопштение за таканаречениот штрајк на просветните работници.
Во сопштението претседателот на СДСМ- Струга Даме Ложанкоски, прво оценува дека законските измени се „за заплашување и уценување на просветните работници“, за потоа да посочи „Ние целосно ги поддржуваме нивните барања“.
– Наставниците и професорите имаат уставно загарантирано право на штрајк. Законските измени имаа единствена цел, а тоа е заплашување и уценување на просветните работници. Очигледно, во Струга најголем дел од нив не подлегнаа на притисоците и заканите што ги добиваат во многубројните лични јавувања од страна на директорите. Во струшките училишта стравот е победен. Ние целосно ги поддржуваме нивните барања. Не може екстерното тестирање да биде критериум за парична казна, а кога власта може да троши пари за споменици, за камен и мермер, тогаш може да им ја зголеми и платата на вработените и да им ги подобри условите за работа. На крајот, ги повикувам директорите да прекинат со притисоците зошто го кршат уставот и поради тоа ќе одговараат- вели претседателот на СДСМ од Струга, Даме Ложанкоски.
СОНК бара од Владата зголемување на платите во образованието за 25 проценти, укинување на казните за екстерното тестирање, како и поедноставување на работата со електронскиот дневник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


