Македонската филхармонија во еден од првите настапи во 2015 година ќе се претстави со концерт со наслов „Повторно Акико“ на кој повторно на македонската публика ќе и ја претстави врвната јапонска виолинистка, победничка на конкурсот „Чајковски“, Акико Суванаи.

Вечерва во МОБ со почеток во 20 часот на диригентскиот пулт ќе застане маестро Борјан Цанев под чиешто диригентство ќе бидат изведени: Концертот за виолина и оркестар од Л.В.Бетовен Д-дур оп.61 и прекрасната Симфонија бр.7 од Сергеј Прокофјев.
Светската критика за Суванаи се изјаснува со зборовите „Акико им припаѓа на оние уметници кои се стремат кон јасност над сѐ. Нејзината интерпретација е чист звук, чиста енергија“. Суванаи свири на виолина од 1714 година со име „Делфин“ изработена од Антонио Страдивари, претходно во сопственост на врвниот виолинист Јаша Хајфец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


