| четврток, 6 декември 2018 |

„Глобал гејм џем“ во Скопје и во Битола

Најголемиот интернационален настан за креирање дигитални игри „Глобал гејм џем“ ќе се реализира во периодот од 23 до 25 јануари 2015 година. Во Македонија настанот ќе се реализира на две локации и тоа во просториите на едукативен и развоен центар „Сивус“ во Скопје и во Бизнис академија Смилевски во Битола.

„Глобал гејм џем Македонија“ е во организација на Македонската асоцијација за развивање игри МАГДА.

Ова е најголемиот интернационален настан за креирање дигитални игри кој се одржува еднаш годишно, истовремено на голем број локации низ целиот свет во вид на 48-часовен маратон.

Како дел од Меѓународна асоцијација на развивачи на игри (IGDA), неговата цел е да ги обедини сите што креираат или имаат желба да креираат игри и да поттикне креативност, соработка и експериментирање.

Во 2014 година „Глобал гејм џем“ се одржа на 485 локации во 73 земји и беа создадени преку 4200 игри. Македонија досега учествуваше на „Глобал гејм џем“ во 2013 и во 2014 година и на настаните се направени 52 игри, кои се достапни на интернет.

На „Глобал гејм џем Македонија 2015“ се очекуваат околу 200 учесника, професионалци и студенти од информатичката индустрија, кои се почитувани членови на е-заедницата во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top