| четврток, 6 декември 2018 |

Антиисламски демонстрации во Лајпциг

Неколку илјади поддржувачи на антиисламското движење ПЕГИДА излегоа на улиците на Лајпциг.

На 19 јануари ПЕГИДА ја откажа традиционалната процесија во Дрезден откако полицијата предупреди дека има закана од атентат. Откако митингот во Дрезден во понеделникот беше одложен од безбедносни причини, се очекуваше над 60.000 луѓе да се соберат во Лајпциг. Бројот на демонстрантите, сепак, не надмина 10.000. На првата демонстрација пред 10 дена т.н. ЛЕГИДА (Жители на Лајпциг против исламизацијата на Западот) собра помеѓу 2.000 и 3.000 лица, а контрадемонстрантите беа 30.000.

– Ние сме народот! – извикуваа луѓето во поворката користејќи го слоганот на спонтани демонстрации кои му претходеа на падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година. Покрај развеани германски знамиња беа подигнати разновидни натписи, како „Шарл ебдо ме иритира“, „Бојкот на лажниот печат“ или „25 години нова диктатура“: Сојузна Република и Европската унија “.

Маршот на ЛЕГИДА се претставува како локална верзија на движењето ПЕГИДА, создадено во Дрезден во октомври минатата година и собра рекордни 25.000 демонстранти на 12 јануари.

Организаторите на маршот во Лајпциг се опишани од шефот на локалните разузнавачки служби како порадикални од оние во Дрезден. Меѓу нив има поврзани со неонацистичката партија НПД, адвокат и човек кој се претставува како специјалист за воена и современа историја, особено на Третиот Рајх.

Повеќе од 4.000 полицајци се грижеа за безбедноста за време на митинзите.

Учесниците на протестот на ПЕГИДА сакаат ограничување на бегалскиот поток и промени во миграциското законодавство.

Пред тоа лидерот на ПЕГИДА, Луц Бахман, најави дека ќе се повлече од функцијата откако на интернет се појави неговата слика на која тој е прикажан како Хитлер.

Една од организаторките на ПЕГИДА, Кетрин Jортел, која стана главна фигура во движењето по оставката на лидерот Луц Бахман, сепак се разликува од ЛЕГИДА. Taa на страницата на формацијата на „Фејсбук“ напиша: „Ништо кажано или побарано во Лајпциг не било договорено со нас. Ова може да се покаже како контрапродуктивно за перцепцијата на движењето како единствен“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top