| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија на граната на трамвајска станица во Донецк, 13 лица загинаа

­ Најмалку 13 лица загинаа, а десетици се повредени рано утрово кога граната погоди трамвајска станица во населбата Ленински, во Донецк, на истокот на Украина, соопштија преставници на самопрогласената Народна Република Донецк.

Според првичните информации, гранатата била истрелана околу девет часот по локално време од минибус, јави ТАСС.

До гранатирањето дојде откако Русија и Украина синоќа постигнаа договор за процедурата за повлекување на тешкото оружје на истокот на Украина.

Според шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмајер, Русија и Украина постигнале согласност тешкото оружје да биде повлечено 15 километри од демаркационата линија дефинирана со договорот во Минск постигнат во септември минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top