| четврток, 6 декември 2018 |

Кучи: Специјалниот суд нема ништо со правда

куци

Косовскиот министер за правда, Хајредин Кучи, смета дека формирањето специјален суд е политичко прашање и дека нема ништо со правда, како и дека меѓународната правда на Косово доживеа неуспех, јави Танјуг.

Кучи синоќа за РТК изјави дека никаде не се случило да не успее системот на правда контролиран од странци како на Косово.

– Воените злосторства што беа под контрола на УНМИК сега се во рацете на ЕУЛЕКС. Значи ако пропаднале, тогаш тоа е неуспех на меѓународната правда – изјави Кучи, пренесува весникот „Експрес“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top