Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изјавил дека Русија и Украина постигнале договор со кој треба да се воспостави безбедносна зона меѓу нивните сили на истокот на Украина, пишува „Би-Би-Си“.
Штајнмаер тоа го изјавил по дипломатскиот состанок на министрите за надворешни работи на Германија, Франција, Русија и на Украина, кој се одржал вчера вечер во Берлин. Тој рекол дека договорот е постигнат околу линијата на раздвојување во согласност со договорот од Минск.
– Од овој момент двете страни мораат да ја повлечат тешката артилерија од тие линии. Секако, целосниот прекин на огнот зависи од успешното спроведување на овој договор – рекол тој.
Неколку часа пред состанокот, украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека повеќе од 9.000 руски војници се наоѓаат во Украина со тенкови и со тешка артилерија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.