| четврток, 6 декември 2018 |

Сноуден: Америка активно прави планови за поголема светска доминација!

Едвард Сноуден во своите најнови публикации, кои го објавил германски “Шпигел”, истакнува дека САД активно работи на подготовки за евентуална Трета светска војна.
Според неговите информации, основната цел на американската влада е да се позиционира како глобален господар на интернетот, а во таа цела е започнат и проект за развивање на тајна програма со име “Politerain”.

На овој проект била ангажирана “армија од информатички борци”, кои на располагање имаат најнапредна интернет технологија, чија цел е да реализираат таканаречени “TAO” или “Tailored Access Operations” напади, со чија помош ќе бидат во состојба да манипулираат и преземаат контрола над непријателски компјутери, но и да ги уништат.

Сноуден наведува дека овој проект се спроведува веќе осум години и дека за тоа време најверојатно биле развиени повеќе стратегии на интернет – војување.

Со помош на оваа програма би било можно да се ограничат резервите на вода за пиење на непријателски цели, да се прекинува електричната енергија, а лесна мета на хакерските напади ќе бидат и аеродроми.

Според разузнавачките податоци, некои од најуспешните американски акции, кои биле спроведени со помош на оваа програма, се креирањето на вирусот “Stuxnet”, со чија помош била парализирана иранската нуклеарна програма, како и креирањето на вирусот “Regin” со чија помош американските сили успешно се инфилтрирале во компјутерските мрежи на германските власти, а со овој вирус се поврзува и скандалот околу шпионирање на Европската комисија.

Шпигел пренесува дека пет земји се вмешани во проектот за контрола на интернетот, а тоа е таканаречената “Алијанса на пет очи”, која ја сочинуваат САД, Велика Британија, Канада, Австралија и Нов Зеланд. Покрај тоа, Сноуден уште еднаш рекол дека САД ги прислушкува повеќето светски новинари, електронските и пишаните медиуми и другите средства за комуникација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top