Али Ахмети, лидерот на ДУИ, кој беше полесно поврден во сообраќајка што се случила утрово околу 10 часот и 10 минути на патот Тетово-Гостивар и е задржан на лекување во болница, денеска беше посетен од претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета.
На фејсбук Ахмети им се заблагодари на сите пријатели за убавите зборови и желбите за побрзо оздравување.
-Се сретнав со мојот стар пријател, претседателот на албанскиот парламент Илир Мета, иако во поинакви околности од оние во кои сме навикнати да се гледаме. Во благодарам на сите за добрите намери и ви посакувам се најдобро вам и на вашите најблиски, напиша Ахмети.
Блиндираното „ауди“ со кое се возел лидерот на ДУИ Али Ахмети утрово удрило во наплатната рампа на автопатот Гостивар-Тетово. Покрај Ахмети, повреден е и неговиот возач.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.