Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во Скопје оствари средба со претседателот на Собранието на Република Албанија, Илир Мета, соопшти Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.
На средбата се разговарало за актуелните случувања во регионот и за проблемите со коишто се соочуваат земјите на нивниот евроинтеграциски пат.

-Претседателот Зоран Заев и претседателот на албанското собрание, Илир Мета, разменија мислења за продлабочување на политичката и на економската соработка помеѓу Република Албанија и Република Македонија. Во таа насока беше договорена посета на Илир Мета, придружуван од бизнис делегација од Република Албанија, на Струмица, на којашто би се разгледале можностите за дополнителен развој на односите во областа на земјоделството. Заемно беше изразена подготвеност и за продлабочување на партиската соработката помеѓу Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Движењето за социјалистичка интеграција – стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


