| четврток, 6 декември 2018 |

Надал го искористи рецептот на Шарапова

Рафаел Надал се намачи за пласман во второто коло на Австралија опен, а за да продолжи на гранслемот го искористи рецептот на Марија Шарапова. Двете големи тениски ѕвзеди на денешницата со 7-5 го добија последниот решавачки сет за пат понатаму. Со многу мака денеска Надал го елиминира Тим Смичек од САД, а резултатот е 6-2, 3-6, 6-7, 6-3, 7-5.

nadal

Шпанецот долго паузираше минатата сезона, а на стартот на оваа покажа дека се уште не е во посакуваната форма. Смичек е просечен тенисер, моментно рангиран како 112. на светот, но му зададе многу мака на Надал. Шпанецот сепак направи брејк во клучен момент и го заврши мечот со победа од 3-2 во сетови.

Претходно на слична мака беше и Марија Шарапова. Популарната Маша, неочекувано наиде на тврд орев во ликот на сонародничката Александра Панова, но ја доби руската пресметка со 6-1, 4-6, 7-5.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top