Легендарниот босански музичар и кантавтор Кемал Монтено по долго боледување починал денеска околу 11 часот во Загреб. Информацијата за босанскиот медиум „Аваз“ ја потврдил и колегата Халид Беслиќ.
Шеесет и шестгодишниот Монтено пред еден месец имаше трансплантација на бубрег. Тој денеска бил итно хоспитализиран на Интензивна нега во Загреб откако бактерија му навлегла во крвта и тој починал утрово од сепса.
Кемал Монтено е роден во Сараево на 17 септември 1948 година. Со својата музичка кариера почнува на почетокот на шеесетите години од минатиот век.
Во неговиот богат и долг музички живот се запишани голем број фестивалски настапи, албуми и евергрини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


