| четврток, 6 декември 2018 |

Чеси ќе ја делат правдата меѓу Македонија и Хрватска

Václav_Horáček_and_Jiří_Novotný,_Handball-RefereeЧешката судиска двојка Вацлав Хорачек – Јиржи Новотни се делегирани да го судат дербито на 4.коло во групата Б на Светското ракометно првенството меѓу Македонија и Хрватска.

За Чесите ова е трет натпревар на кој ја делат правдата на овој Мундијал. Претходно ги судеа средбите Шпанија – Белорусија 38:33 и Полска – Аргентина, 24:23.

Македонија и Хрватска на овој натпревар влегуваат со по три победи од првите три кола и најверојатно од исходот ќе зависи која репрезентација ќе го освои првото место во групата, што значи условно полесен противник во осминафиналето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top