
Жири-комисијата на 68. Филмски фестивал во Кан оваа година првпат ќе има двајца претседатели, браќата Џоел и Итан Коен, соопштија организаторите на Фестивалот.
Американскиот режисерски двоец познат по филмовите „Фарго“, „Нема земја за старците“ ќе ја замени австралиската колешка Џејн Кемпион која претседателствуваше минатата година.
Жирито има задача да ги избере победниците на фестивалот кој ќе трае од 13 до 25 мај.
– Кан е фестивал кој беше многу важен уште од почетокот на нашата кариера. Посебна чест е да бидеш претседател на жирито, со оглед на тоа што досега никогаш не сме биле претседатели на нешто – изјавија браќата Коен.
Режисерското дуе моментно снима филм со Џорџ Клуни, Кристофер Ламберт, Скарлет Јохансон.
Филмовите кои ќе бидат во официјалната селекција и ќе се натпреваруваат за Златна палма ќе бидат објавени во април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


