Синоќа на програмата во НБА лигата се одиграа само два натпревара во кои очекувано победија гостинските екипи.
Оклахома на жешкиот терен во Мајами славеше победа од 94-86 додека Сан Антонио рутински го помина Денвер со 109-99.
Првпат оваа сезона Оклахома е во позитива во однос на победи и порази. По лошиот старт поради повреди на најголемите ѕвезди Дурант и Вестбрук тимот од Оклахома повторно може да се надева на влез во плејофот.
Одбраната на Оклахома ја заврши работата во овој дуел оставајќи ги домаќините на само 86 поени. Шутот не ги служеше најдобро па затоа Дурант и Вестбрук застанаа на по 19 поени, со очаен шут за три поени (0-10).
Со враќањето на Леонард во составот на Сан Антонио шампионот полека се загрева за доигрувањето на сезоната. Тој поради повреда на раката мораше да отсуствува неколку натпревари, но синоќа беше главниот мотор на мамузите. Натпреварот беше одлучен во третиот период кога гостите направија серија од 7-0 која беше пресудна за победникот.
Иако Фарид одигра одличен натпревар до 26 поени и 14 скока, тоа не беше доволно за победа на Денвер. Тимската игра која го краси Сан Антонио беше пресудна за победата.
Тони Паркер беше најефикасен кај гостите со 18 поени, додека Леонард додаде 17, а Данкан 16 коша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



