| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадисти убиле 13 тинејџери бидејќи гледале фудбал

Џихадистите во ирачкиот град Мосул јавно погубиле 13 тинејџери бидејќи гледале фудбал.

Тинејџерите со тоа го прекршиле шеријатскиот закон.

Децата наводно гледале меч од Азискиот куп помеѓу Ирак и Јордан на телевизија, кога ги приметиле милитантните на исламската држава. Градот Мосул е под нивна контрола.

-Стрелачкито вод ги погубил децата и “се поминало мирно”. Телата на убиените деца останаа на земја, а родителите не смеа да им се доближат и да ги однесат од страв дека терористите ќе ги убијат и нив”, пишува пренесе Њујорк Пост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top