Организацијата „Амнести интернешнл“ побара од европските влади кои соработувале во тајните операции на ЦИА за притворање, испитување и мачење во рамки на американската „глобална војна против тероризмот“ итно да спроведат свои истраги, пренесува Танјуг.
Ова барање на АИ доаѓа после извештајот на американскиот Сенат во кој се објавени нови детали. Американските „партнери во криминал“ од Европа мораат да реагираат после извештајот на Сенатот за „тортура“, во кој се наведува дека постоеле тајни локации во Литванија, Полска и Романија, наведува АИ.
Владите на Германија, Велика Британија и Македонија, во дослух со ЦИА а во замена за милиони долари ги олеснувале ваквите притворања, се наведува во извештајот на АИ, со напомена дека без европска помош САД не би можеле тајно да притвораат луѓе со години наназад.
Времето на деманти и прикривање измина. Владите веќе не можат да се потпираат на неосновани причини за „национална безбедност“, барајќи државна тајност и криење на својата улога во мачење и исчезнување на луѓе, изјави Џулија Хол од АИ.
Таа оцени дека е вџашувачко напуштањето на владеењето на правото на американскатавлада после нападите од 11 септември 2001 година, што им пружило основа и на други влади да посегнат по истата пракса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија
-
Тилерсон доби отказ бидејќи Трамп го нарекол „морон“? Трамп го избегна одговорот…(видео)
-
Што следела ЦИА во Југославија по смртта на Тито?
-
Анкара издаде налог за апсење на поранешен агент на ЦИА