Кралицата на поп музиката, Мадона, реализира една многу неконвенционална соработка со поранешниот боксер Мајк Тајсон. Новиот албум на ѕвездата „Rebel Heart“, се очекува да излезе на 10 март. Малку порано стана јасно, дека учество во албумот на Мадона имаат „Chance the Rapper“ и Мајк Тајсон. Сеуште не е јасно каков ќе биде придонесот на скандалозниот спортист, но извесно е дека имињата на раперот и Тајсон се вклучени во песната „Iconic“.
Други интересни дуети на Мадона се оној со „Нас“ во „Veni Vidi Vici“ и со Ники Минаж во нумерата „B ** ch I’m Madonna“. Последната песна и стана позната на публиката, откако беше пуштена во мини албумот на пејачката, кој содржи 6 хита и е подарен на нејзините обожаватели за Божик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.