Кога се работи за претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ништо не е невозможно.
До крајот на неделава во Мадрид ќе пристигне најталентираниот светски фудбалер, 16-годишниот Норвежанец Мартин Одегард. Тој беше на турнеја низ Европа, се очекуваше дека ќе ја прифати понудата на барварскиот гигант Баерн Минхен, но, како што обично бидува во трката за неговиот потпис, победи Реал Мадрид.
Договорот со важност од шест години ќе биде потпишан в четврток и до крајот на сезоната ќе настапува за вториот тим на Реал Мадрид, чијшто тренер е Зинедин Зидан, ќе тренира со првиот состав, а се очекува да настапи и рамо до рамо со Роналдо, Бејл, Бензема, Родригез, Крос…
Неговиот сегашен клуб Стромгосет ќе инкасира два милиона евра и плус два доколку Одегард ги исполни условите од договорот.
Тој имаше официјални понуди од Ливерпул, Ајакс и од Баерн Минхен, но сепак ја прифати понудата од Реал Мадрид. Одегард во Мадрид се сели со целата фамилија, а неговиот татко доби и работа во младинскиот погон на „кралевите“.
Посебно внимание му посветија и Роналдо и Бејл, додека директорот Санчез го покани да гледаат еден натпревар заедно и да биде преставен како вистинска ѕвезда.
Одегард е најмладиот играч во историјата кој настапил за една сениорска репрезентација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)