| четврток, 6 декември 2018 |

Како муниција од БиХ стигнала во рацете на терористи од Ал Каеда

Политика – Белград

Мирослав Лазански: Калибар 7,62 мм е најпопуларен калибар за пушки во светот на тероризмот…

Судејќи според фотографиите, чаурите на испуканите куршуми со кои се убиени новинарите на францускиот сатиричен весник во Париз, потекнуваат од фабриката за муниција Игман во Коњиц во БиХ. Наводно на чаурите има ознака ИК-86 што укажува на годината на производство на таа муниција. Сеуште не е соопштен калибарот на муницијата, но може да се претпостави дека се работи за класичен калибар од 7,62 мм за автоматска пушка од типот АК-47 калашников.

Фабриката Игман во Коњиц е изградена во 1950 година како едно од најважните воени фирми на тогашната Југославија. Локацијата на фабриката е во брдата кај Коњиц и е избрана поради стратешкото значење на БиХ како централна југословенска република во која вооружените сили на Југославија требале да пружат одбрана од агресија, било таа да дојде од Запад или од Исток. Југославија имала две фабрики за пешадиска муниција Игман покрај Коњиц и Први Партизан во Ужице. Асортиманот на производите бил речиси ист, квалитетот на производството бил на највисоко светско ниво. Всушност, пешадиската муниција од тие две фабрики е во светскиот врв. Фабриката Игман произведува пешадиска муниција од 5,45 мм до 12,7 мм. Калибарот 5,45 мм е исклучиво советски калибар и Игман уште пред 1991 година и распадот на Југославија произвел одредена количина на таа муниција.

Имав прилика во август 1991 година да ги посетам подземните објекти на фабриката Игман покрај Коњиц: неколку подземни галерии, сите длабоко во брдата, максимално заштитени од воздушен напад. Но, главната фабрика Игман беше Титовата подземна скривница, вистински подземен град во непосредна близина на фабриката за муниција. Тогаш во август 1991 година, локацијата на тој град беше една од најголемите тајни на СФРЈ…

Како терористите се докопале до муницијата произведена во Игман? Лесно. Таа муниција сосема легално се продава во над 60 држави во светот. Колку од тие 60 држави воделе сметка на кого ги продаваат тие производи од Игман? Конечно, како се чуваат магацините за муниција и воен материјал во БиХ? Колку муниција има во приватни раце кај граѓаните, не само во БиХ туку на Балканот?

Колку муниција своевремено се продала ширум светот од државата СФРЈ, ако земеме во предвид дека чаурите се најдени на местото на крвавиот пир во Париз од 1986 година? Овие прашање се речиси од академски карактер, одговорот на нив не навлегува во корените на тероризмот. Бидејќи калибар 7,62 мм е најпопуларен калибар за пушки во светот на тероризмот. И го има во невидени количини каде сакате. Легално и илегално…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top