| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска облачно и магливо со повремен дожд

oblaci i dozdПреку ноќта и изутринава времето беше облачно, со локален  дожд. По  котлините има појава на магла и ниска облачност. Во повисоките места и на планините дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од УХМР.

Минималната температура утрово се движеше од 0 до 9 степени и тоа:  

0 Тетово, 1 Маврово, 2 Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Крушево и Лазарополе, 3 Кр.Паланка, Охрид, Берово, Претор и Дебар, 4 Скопје-З.Рид, Куманово  и Струмица, 5 Штип и Кавадарци, 6 Д.Капија и Виница, 8 Гевгелија, 9 Дојран.

Во текот на денот не очекува претежно облачно, претпладне со магла по котлините. Во западните делови ќе има повремени локални слаби врнежи од дожд, а на планините повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се движи од 5 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, претпладне со слаба магла. Преку денот ќе има услови за повремен слаб дожд и ќе дува слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

 

 

И натаму продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Поинтензивни врнежи се очекуваат во петок, кога на повеќе места ќе бидат пообилни, а температурата ќе биде во опаѓање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top