Јастребите од Атланта се во незапирлив поход кон врвот во НБА лигата, а вечерва го надминаа и баскузниот број 13 и ја забележаа 34. победа, со што се убедливо најдобра екипа во Источната конференција и втора во Лигата зад Голден стејт вориорс.
Со 93-82 Хоукс го победија Детроит, во меч на кој кам-бек имаше македонскиот кошаркар Перо Антиќ.По еден меч пауза „шестката“ на јастребите се врати на паркетот, но не му одеше, па одигра само 11 минути, без поени, со 5 скока. Антиќ набрзина направи 4 лични грешки и замина на клупата. Најефикасни беа Пол Милсеп и Мајк Скот со по 20 поени, а сега Атланта има 13 победи во низа и вкупен скор од 34-8.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.