| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија во друштво на Индија, Тунис, Алжир – меѓу најевтините земји во светот

C0328FA7BD624F49AB4B47C41F9D397B

Британскиот весник „Индепендент“ објави графикон за најевтините и најскапите места за живеење од 119 земји во светот, а споредбата се прави според индексот на цените во Њујорк. 

Македонија е во друштво со Индија, Тунис, Пакистан, Непал, Египет, Алжир, Молдавија, Колумбија…

Петте земји, каде банкарската сметка се цеди кога ќе дојде време за плаќање на основните производи и услуги, се Швајцарија, Норвешка, Венецуела, Исланд и Данска. 

Македонија е на осмото место од земјите со најевтини цени за храна, превоз, ресторани и комунални услуги. Во оваа рејтинг листа не се земени предвид цените за домување, облека и образование.

Според овие податоци се покажува разликата во животните трошоци со помош на најголемата база на податоци во светот составена од корисниците од разни градови и земји во светот. Индексот на потрошувачките цени е релативен показател на трошоците на живот во една земја во споредба со Њујорк. На пример, ако во една земја индексот е 70, тоа значи дека во таа земја за 30 отсто се поевтини животните трошоци во споредба со Њујорк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top