Австрија и Тунис го затворија третото коло во Б групата со реми 25-25, резултат што е како порачан за македонската ракометна репрезентација. Сега ни одговара и реми против Австрија во последната рунда за сигурно второ место и дуел со третопласираната селекција во А групата.
Секако амбициите на избраниците на Ивица Обрван се највисоки, се атакува и на првото место, а за таков подвиг ни треба победа и против Хрватска.
Австрија и Тунис одиграа неизвесен меч, што на крајот заврши нерешено со по 25 гола во двете мрежи. Тунижаните го имаа последниот напад, но не успеаја да погодат за победа, па сега имаат само еден бод, денешниот освоен против Австрија. Австријците собраа 3 бода, по победата над БиХ од 23-21.
На првата позиција се Македонија и Хрватска со максимален учинок од 6 бода, Австрија е трета со 3, БиХ има два, Тунис еден бод, а на дното е Иран без бодови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Владата се извини: Многу се слични димензиите и колоритот на знамињата
-
Австрија: Властите не му дале азил на Авганистанец затоа што не бил доволно хомосексуалец
-
Железничка несреќа во Австрија: Има повредени и мртви