| четврток, 6 декември 2018 |

За шверц со кокаин внукот на диктаторот Хоџа заработи притвор

vnuk-hodza

На деветмина упасени во големата акција на албанската полиција за меѓународен шверц со кокаин Судот за тешки кривични дела во Тирана им одредни мерка притвор до завршување на истрагата.

Двајца од уапсените се ослободени поради немање доволно докази. Притвор заработија и Ермал Хоџа, внук на албанскиот комунистички диктатор, Енвер Хоџа, Илир Хисени, главниот транспортер на дрогата во западно европските земји, двајцата Колумбијци, Цезар Авила и Ватхе Морено, како и уште петмина други уапсени во истата акција, реализирана, минатата недела во Тирана, Драч и Елбасан, во соработка со Интерпол и Европол.

Полицијата во Елбасан откри и лабораторија за дрога, најголема на Балканот. Смесетан била во поранешена армиска касарна, која наводно се користела како штала за добиток. Иако семејството Хоџа апсењето на Ермал (40) го нарече намерен чин да се дискредитира фамилијата Хоџа, истрагата потврдила дека тој бил клучна личност во „бизнисот“ и оти токму тој ги довел Колумбијците кои биле задолжени за преработка на кокаинот.

Дрогата ја шверцувале од Куба преку Турција, Бугарија, Грција, а дел транзитирала и преку Македонија, по што го продолжувала патот за Германија, Холандија, Италија, Австрија и други западноевропски земји. Дел од дрогата бил наменет и за албанскиот нарко пазар. Хоџа беше уапсен во Драч, а при претрес на неговиот дом во Тирана пронајдени и запленети се 300 илјади евра. Според албанскиот кривичен законик може да добие затворска казна во траење од 15 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top