Минатиот викенд на Кипар, во градот Кирениа, на брегот на Средоземното Mоре се одржа финалето на изборот за Мис на Медитеранот 2015. Победничка, најубава на Медитеранот за 2015 година е нашата Симона Станковска.
Таа го направи овој фантастичен успех во конкуренција на 20 девојки од исто толку држави од Медитеранот. Прва придружничка беше претставничката на Либан, а девојката од Франција.
Изборот се одржа во елитниот хотел Ројал Премиум во Кирениа, каде што беа и сместени уцесничките на изборот.
-Пресреќна сум. Не е мала работа да се победи во конкуренција на медитеранската убавина. Достојно ја претставив нашата Македонија, самата себе и екипата на Модното студио Црнокрак, на кои им благодарам затоа што беа цело време со мене и ми даваа поддршка тука во Кипар ” – изјави Симона веднаш по изборот.
– Таа навистина блескаше во текот на целиот избор и нејзиниот изглед и однесување навистина беа за пример на секое место и во секое време, на јавните настапи, снимања и фотосесии, прес конференции, но и за време на вежбите на кореографија, посетите на културно историските и туристички знаменитости на Кипар, спонзорите.. и секако на финаната вечер, што знаеја да го забележат членовите на жири комисијата и да ги дадат своите гласови на нашата Симона. Конкуренцијата беше голема, но Симона уште од првиот ден се издвојуваше, заедно со убавицата од Либан коа сепак гласеше за фаворит бр.1, најмногу поради фактот што доаѓа од иста земја од кај што се и организаторите- информираат од Модното студио Црнокрак
Симона Станковска е од Скопје, има 19 години, студент е на втора година на Универзитетот за Туризам и менаџмент – Скопје и кај нас е позната уште и како водителка на естрадниот магазин Бекстејџ и модел во Модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за Македонија за овој избор и преку кое таа настапуваше на овој интернционален избор за убавина. Таа изминативе месеци се подготвуваше со нејзиниот лицен тренер Саша Цветковски, а на Кипар се претставуваше во моделите на Елена Лука.
Ова не е прво учество и прва титула на Симона на интернационални избори за убавина. Таа како победничка на изборот за Мис на Македонија 2013 за Мис Глоб, истата година на Мис Глоб освои дури 4 титули, меѓу кои најважна титулата Трета придружничка, следната година во Кина, на островот Хајнан, на избор за модели во конкуренција на 80 претставнички од целиот свет ја освои титулата Втора придружничка и еве, најголемиот успех го направи оваа година и со победата на Кипар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На мисицата и го ликвидираа мажот, од шок не може да зборува: Еве кај се наоѓа жената и ќерката на убиениот српски адвокат!
-
Има македонско потекло на кое е посебно горда: Симона Халеп е победничката на Ролан Гарос
-
Мисица брутално ликвидирана на улица (вознемирувачко видео)
-
После 17 години круната се враќа во Индија – Мануши Чилар е Мис на светот 2017