Триесет и три годишен штипјанец е притворен за обид за убиство на својата сопруга.
– СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.Ј. поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид“ при вршење семејно насилство за што од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти денеска МВР.
Во саботата околу 22 часот и 30 минути по претходна расправија, пријавениот со остар предмет на неговата сопруга и нанел тешки телесни повреди во пределот на главата и раката. Повредената била пренесена во болницата во Штип каде била задржана на лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа