Босна и Херцеговина има многу проблеми пред дуелот со Македонија, денеска од 17 часот на ракометниот мундијал во Катар. Нашиот противник остана само со еден десен бек, Малиновиќ, но селекторот на БиХ, Драган Марковиќ вели дека неговите ракометари се подготвени за предизвикот, против силната селекција на Македонија.
„Имаме доста кадровски проблеми, но ќе играме во поинаков систем од досегашниот за да ја анулираме болната позиција десен бек. Македонија е многу силна репрезентација, а нам тоа и ние потребно на турнирот, за да провериме колку сме напредувале. Сигурно нема да се предадеме и ќе си ја чекаме шансата за триумф. Против Австрија не успеавме, се надевам дека сега ќе ја поправиме грешката“, вели Марковиќ.
Босанските медиуми ја истакнуваат извонредната атмосфера во ракометната експедиција што отпатува во Катар и тоа е голем адут на БиХ. Во составот имаат ракометари од трите ентитети во БиХ, и токму ракометната репрезентација ја истакнуваат како вистински пример за единство во земјата што претрпе тешка војна на просторите на поранешна Југославија.
Популарните „змејови“ дебитираат на Светските првенства, а во премиерата го победија Иран со 30-25, за потоа да загубат од Австрија со 21-23. Македонија е лидер заедно со Хрватска во Б групата, а и двете селекции забележаа по две победи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Делегација на Советот на министри на БиХ утре во посета на Македонија
-
Колку колачи изеле мама и тато – Одговорот на овој ученик од Босна го насмеа Балканот (фото)
-
Во Босна и Херцеговина ќе патуваме само со лична карта
-
Русите одлучија да го искористат своето влијание на Балканот: Платеници обучени од Русија прават паравојска во БиХ (галерија)



