Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ ќе се сретнат денеска во Брисел и ќе расправаат за украинската криза, односите со Русија и мерките за сузбивање на исламистичкиот тероризам.
Третина од 27 членки на ЕУ се залагаат за ублажување на санкциите кон Русија, доколку таа направи барем симболични чекори во правец на спроведување на договорот од Минск.
Надворешнополитичкиот совет ќе ја разгледува и ситуацијата на Блискиот исток, како и меѓународните преговори за иранската нуклеарна програма, кои ги координира поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.