| четврток, 6 декември 2018 |

Над 2.000 успешно решени барања за отпис на долгови

Околу 2.009 барања за отпис на долговите се успешно решени, а пет до шест илјади барања за отпис на долговите веќе се во рацете на доверителите и треба да бидат решени во следниот период, изјави во новогодишното интервју за МРТ вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Мерката за отпис на долговите ги опфати најранливите категории. Право на отпис на долговите имаа невработени лица, корисници на социјална парична помош, лица кои поради болест или смрт на близок член од семејството не можеле да ги подмират обврските.

Мерката ги опфаќа долговите настанати заклучно со 31-ви декември 2013-та, и тоа по основ на потрошена електрична енергија, топлинска енергија, кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити, како и долгови за радиодифузна такса.

Според информациите, граѓаните кои поднеле барање за отпис на долгови, најчесто барале да им бидат отпишани долговите по основ на електрична енергија, долговите кон банките од кредитите и кредитните картички, како и радиодифузната такса.

Барање за отпис на долговите поднеле околу 42 илјади граѓани. Станува збор за граѓани од многу градови во Македонија. Се очекуваат одлуки за отпис на долгови во сите делови на Република Македонија, од Велес, Струмица, Радовиш, Кочани, Валандово, Македонски Брод, Охрид, Битола, Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top