| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов на Водици во Тетово и Гостивар

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ќе присуствува на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици, што ќе се одржи во Тетово и во Гостивар.

Во Тетово, со почеток во 09:45 часот, претседателот Иванов ќе присуствува на богослужбата во Соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“, со која ќе чиноначалствува митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, и на церемонијата на положување на светиот крст.

Во Гостивар, со почеток во 11:30 часот во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“, македонскиот претседател ќе се приклучи кон литијата која тргнува од Соборниот храм и се упатува кон мостот на реката Вардар за присуство на чинот на положување на светиот крст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top