| четврток, 6 декември 2018 |

Доњецк под опсада на украинската војска!

Две деца, на возраст од седум и 16 години, загинале кога ракета погодила една куќа во градот Вулехирск на истокот од Украина, соопшти денеска украинската војска.

Во истиот напад е повредено едно деветгодишно девојче, се наведува во соопштението.

Украинските војници завземале речиси цела територија на аеродром во Доњецк кој го изгубиле од проруските сили изминативе седмици, пренесува Ројтерс.

Борбите му се приближиле на градот Доњецк, а гранатирањето е интензивирано во други делови на Донбас.

Лидерот на проруските сили Александар Захарченко ја обвинува украинската војска за гранатирањето околу Доњецк.

„Говориме за тоа дека Киев повторно се обидува да започне војна“, рекол Захарченко.

Украинските сили на безбедност утрово отвориле обемен оган врз Доњецк и околните населби од сите видови наоружување, во контраофанзива против проруските сили кои се борат за контрола над аеродромот во Доњецк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top