Ал Анси околу една година престојувал во Босна и Херцеговина, каде обучувал во муслиманските воени логори и се борел против Србите, пренесува „Си-Ен-Ен“. По една година се вратил во Јемен.
Шефот на Ал Каеда, Осама Бин Ладен го запознал во 1998 година и веднаш официјално се придружил на таа терористичка организација. Во ноември 2014 година направено е интервју со Ал Анси и во воведот била претставена неговата биографија во која е наведено дека бил во џихад во Јемен, Босна и Херцеговина, Кашмир, Авганистан, Таџикистан, Филипини, Сирија и Турција. Во ноември 2013 година јеменскиот новинар Абдул Разаљ ал Џамал објави интервју во кое е наведене поопширна биографија на Ал Анси во која исто така стои дела се борел во Б и Х. Делови од тоа интервју пренесоа и интернет сајтовите кои следат терористички групи и нивните активности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.