„Тартиф“ од Молиер, во режија на Сашо Миленковски, е новата претстава на битолскиот Народен театар, која денеска премиерно ќе биде одиграна на сцената на битолскиот театар. Претставата упатува критика кон лековерните луѓе и семејства што ги загубиле вистинските вредности и веруваат во разни измислици.
– На почеток имав идеја да направиме претстава во која ќе ги разбудиме лековерните и ќе ги исмеваме тие што говорат во име на Господ и ја имаат тапијата на верата в раце – вели Миленковски.
Во претставата играат плејада битолски актери, претежно од помладата генерација. Ликот на Тартиф го игра Огнен Дранговски.
Kостимите што ги подготви Благој Мицевски покажуваат една црно-бела варијанта за разбирање на светот и изработени се во тие две бои. Ова е прва премиера за годинава на битолскиот театар, а „Тартиф“ се поставува вторпат по пауза од 48 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Но(е)ва Македонија“ – нова премиера во Битолскиот театар
-
Подвижниот музички театар од Битола со проектот „Девојката со жиците“ в сабота на сцената во Љубљана
-
Премиера во Битолски театар: Соња Михајлова во улогата на Цезар во „Јулие Цезар (Res publica или Cosa nostra)“
-
Битолски театар – репертоар за месец март 2018