Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска престојуваше во Ростуше, кое е седиште на општина Маврово Ростуше и го пушти во употреба целосно рекоструираниот водоводот во ова населено место, со што надминато е едно од нагорливите прашања за жителите на ова долнореканско село.
-Извршена е целосна реконструкција на водоводната мрежа, со тоа што еднаш засекогаш се решава проблемот со водоснабдување на ова населено место. Беше многу застарена мрежа која беше пред се од азбестни цевки, сега се ставија нови цевки, кои се посигурни и со тоа се минимизира бројот на дефектите и загубата на вода во мрежата. Со овој прокет се решава едно доглогодишно отворено прашање за жителите на Ростуше за што се инвестирани 8,5 милиони денари, средства од Европската ивестициона банка – изјави министерот Јанакиески, најавувајќи и други проекти со цел подобрување на условите за живот на граѓаните во целата држава.
За првиот човек на општината, градоначалникот Мукрем Мехмеди ова е проект од исклучително значење, пред се од здравствен акспект на жителите и секако навремено и редовно снабдување со здрава вода за пиење.
-Реализацијата на овој проект е резултат на многу добрата соработка на општина Маврово Ростуше и Министертството за транспорт и врски. Со пуштањето во употреба на оваа дистибиутивна мрежа се отрануваат азбестните цевки, стари педесеттина години. Покрај тоа предвидени се и други прокети кои ќе се реализираат во соработка со Министерството – истакна Мехмеди.
Министерот Јанакиевски најави почеток на реалзииација на проектот за реконструкција и проширување на делницата Дебар-Бошков мост, што е дел од патниот равец Дебар-Маврово.
-Проекот за реконструкција и проширување на делницата Дебар-Бошков Мост е дел од нашата програма. Целокупната документација и елаборати се веќе изготвени и се доставени до Светска банка на одобрување, кои очекуваме да бидат одобрени до крајот на февруари и во почетокот на мај да почнат градежните работи, за што е предвидена инвестиција од околу 8 милиони евра – нагласи Јанакиески.
Во моментнов, рече тој, се работи на повеќе свлечишта во Македонија, како што е и свлечилиштето кај Беличкиот канал, во Маврово, додавјќи дека Владата постојано инвестира во целата држава, секаде каде што има потреба а тоа во интерес на граѓаните
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.