Инаку премиерот, по повод утрешниот празник, испрати честитка до поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и до сите православни верници.
– Денес, кога во целиот православен свет, во сите наши градови и во сите места каде што живеат Македонците, се слави еден од основните столбови на христијанските празници, во мое лично име и во име на Владата на Република Македонија, Вам лично, на Вашето свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Република Македонија и дијаспората, Ви упатувам честитки по повод големиот христијански празник, Богојавление – Водици – вели Груевски во честитката.
Прославувањето на оваа света тајна на христијанството, додава, е длабоко врежано во вековната православна традиција, во нашето живеење во верата и богоугодниот пат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.