| четврток, 6 декември 2018 |

Фиат Пунто и полициско возило во бркотница во Велес, завршиле во канал

polp

Во саботата, рано изутрина околу 3 часот по полноќ, на ул. Индустриска покрај касарната во Велес, се случила несекојдневна сообраќајна незгода…

Како што раскажале очевидците, возачот најверојатно во алкохолизирана состојба не ја испочитувал СТОП палката на сообраќајната патрола и се дал во бегство. Во возилото бил со уште неколку пријатели. Полициската патрола се пуштила во потера по автомобилот, кој по кратка брканица успеале да го стигнат, но сигурно не на начин на кој би посакувале. Поради лизгавиот коловоз на остриот свиок излетал автомобилот Фиат Пунто, но и полициската Шкода Јети, па двете возила завршиле превртени во канал.Возачот на автомобилот кој се пуштил во бегство, бил приведен. Нема повредени ниту во цивилното, ниту во полициското возило.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top